Тенис
АТП ФИНАЛЕ ЛОНДОН 2019

Ѓоковиќ победник, но Беретини го имаше поенот на денот

10. ноември 2019 - 17:51 | МИА/КАЈГАНА

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Матео Беретини со 6-2 и 6-1 во првиот натпревар од завршниот Мастерс турнир на осумте најдобри тенисери на светот, кој се игра во Лондон.

Србинот загуби само три гејма во дуелот со Италијанецот, а средбата траеше само 63 минути.

Поенот на денот што ги одушеви судиите и публиката го доби Беретини, а го поздрави и Ѓоковиќ.

На Ѓоковиќ му треба најмалку пласман во финалето во Лондон, ако сака да си го врати првото место на АТП листата, на кое во моментов се наоѓа Рафаел Надал.

Во вториот денешен натпревар, вечерва, третиот носител Роџер Федерер за ривал го има Доминик Тим, додека утре се играат дуелите од другата група.

Коментирај