Тенис

Ѓоковиќ заигра во инвалидска количка на хуманитарниот настан во Мелбурн

12. јануари 2017 - 11:37 | Д.П.

Новак Ѓоковиќ организираше хуманитарен настан во Мелбурн на Маргарет корт арената. Сите средства од настанот ќе бидат донирани за децата во Србија, преку неговата фондација.

На настанот присуствуваа многу познати спортисти, а со некои од нив, Новак одигра егизибициски натпревари. Посебно внимание привлече дуелот со параолимпискиот шампион Дилан Алкот, а и Новак седна во инвалидска количка за партијата.

Loading the player...

 

Коментирај