Тенис

Ѓорческа се пласираше во финалето на ИТФ турнирот во Анталија

30. ноември 2019 - 12:57 | МИА

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа беше подобра од Украинката Маријана Закарљук со 6:2 и 6:3 и на доминантен начин се пласираше во финалето на турнирот кој се игра во Белек, во близина на турскиот град Анталија.

Ѓорческа е прва носителка на турнирот, па ќе ја има улогата на фаворит и во финалето на овој турнир со награден фонд од 15.000 долари. Натпреварите се играат на отворено, на тврда подлога.

Во битката за трофејот, Лина утре ќе игра против Оона Орпана од Финска, која е трета носителка и која денеска во полуфиналето немаше напорен меч со Русинката Ирина Хромачева која се предаде при 2:6 и 0:1.

Коментирај