Тенис

Ѓорческа успешно ја мина првата пречка во Мелбурн

12. јануари 2017 - 9:41 | Макфакс

Лина Ѓорческа утрово во Мелбурн испиша нова страница во историјата на македонскиот тенис. Ѓорческа успеа да го мине првото квалификациско коло на Аустралијан Опен и да стане првата Македонска која забележала победа на еден Грен слем турнир.

Ѓоческа, која на ВТА листата се наоѓа на 206-то место, во првото квалификациско коло на Аустралијан Опен, ја победи Американката Саша Викери.

Македонската тенисерка против 137-та на ВТА листата на теренот мина точно 100 минути и победи во три сета со 6:2, 3:6, 6:3.

Ѓорческа во второто квалификациско коло за противничка ќе ја има Унгарката Далма Галфи, која е 160-та на ВТА листата. Галфа во првото коло ја совлада Британката Тара Мур со 6:7, 6:3, 6:1.

Коментирај