ОН: Гладот во Јемен се заканува да убие цела генерација

Сан Франциско, 14 февруари 2019 (МИА) – Војната во Јемен е проследена со хуманитарна катастрофа од огромни размери. Стотици илјади луѓе починаа од глад, милиони луѓе се прегладнети. Најмногу погодени се децата. На секои десет минути умира по едно дете. Гладот може да убие цела генерација, предупреди Организацијата на Обединетите Нации.

– Мислам дека многу детски животи ќе бидат изгубени поради неухранетост. Дури и ако преживеат, гладувањето ќе остави последици, ќе им биде тешко да се изборат и со најмали заболувања и зарази. Ова е огромен предизвик, мора да се најде начин да ги заштитиме тие деца, изјави Траст Мламбо од Светската програма за храна при ОН.

Според податоците на ОН, два милиона деца се гладни, многу од нив умираат веднаш по раѓањето – 25.000 годишно. Гладувањето е проследено со болести – милион луѓе се заразени со колера, стотици починаа од дифтерија.

Причина за тоа е војната која трае веќе три години, а мета на борбените авиони често се пазари и училишта.

– Видовме многу гранати, куршуми и борбени авиони. И сега, поради војната, не можеме да учиме. Многу сакам повторно да се вратам во моето училиште, да можам пак да учам, вели ученичката Етар Мохамад.

Како што пренесуваат медиумите, во земјата речиси нема странски набљудувачи. Франција и Велика Британија заработуваат со продажба на оружје за Саудијците. Тие, пак, ја блокираат хуманитарната помош од која зависат животите на 22 милиони луѓе.

Огромна количина храна се распаѓа во магацините во воените зони. 

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе