Гламурозниот живот на стјуардесите низ фотографии
Фотографиите на Instagram објавени под хаштагот cabincrewlife го доловуваат гламурoзниот стил на живеење на вработени во познати авиокомпании, пишува Daily Mail.
На оваа социјална мрежа стјуардесите, стјуардите и пилотите на Emirates Airlines и Norwegian Air споделуваат фотографии од многубројни патувања. Една од нив е и стјуардесата Викторија Цуранова која работи за Аэрофлот. Нејзиниот профил на Instagram е преполн со фотографии од егзотични патувања.