Живот
Исклучете ги светилките :)

Глобална акција: Часот на планетата Земја

23. март 2013 - 11:21 | Kајгана/Макфакс

Под мотото „Заедно можеме да ја најдеме силата за да ја претвориме инспирацијата од еден час, во акција за секој час", денеска низ светот се одвива глобалната акција „Часот на планетата Земја" (Earth hour) која годинава се одржува по седми пат.

Акцијата ќе се одржи денеска почнувајќи од 20:30 по локално време, кога сите заедно треба да ги исклучиме светилките на еден час (до 21:30) и на тој начин, како граѓани на планетата Земја, да ја покажеме нашата солидарност и заедно со повеќе од 150 држави и 7.000 градови ширум светот, да се вклучиме во борбата против климатските промени.

Во оваа Светска акција, покрај домаќинствата, од Министерството за животна средина и просторно планирање ги повикуваат да се вклучат и сите останати потрошувачи на електрична енергија кои работат во вечерните часови како бизнис секторот - кафулиња, ресторани, јавни објекти, улично осветлување, ЕВН Македонија, Стопанските комори, но и централната власт, Единиците на локалната самоуправа и Градот Скопје, во рамките на своите надлежности.

Македонија со гаснење на светилките учествува во акцијата по четврти пат, станувајќи дел од глобалното праќање моќна порака за акцијата за климатски промени.

Коментирај