Чек дис аут

Глупав начин да останеш без автомобил

5. јануари 2017 - 15:31 | Д.П.

Група туристи во Австралија остана без изнајмениот теренец откако возилото падна од ферито со кое патувале. Моментот го снимила Клои Свифт, а на видеото се гледа Toyota Land Cruiser како полека паѓа од бродот.

Во својот пост на Facebook, Свифт објаснува дека за среќа никој не настрадал бидејќи автомобилот бил празен, но во него останале телефони, кредитни картички, пасоши и други лични работи.

Според информациите, еден од луѓето се обидел да го задржи автомобилот, но не успеал во обидот да го спречи да падне.

Голема е веројатноста дека возачот заборавил да ја крене рачната или пак да го остави автомобилот во брзина, а многумина се интересираат и зошто самиот брод нема некаква заштита од вакви инциденти.

 

Posted by Chlöe Swift on Friday, December 30, 2016

Коментирај