Интернет

Gmail ќе ги почести корисниците за 15-от роденден

3. април 2019 - 15:28 | К.З.

Оваа недела се навршуваат 15 години од постоењето на Gmail – најпопуларната платформа за испраќање и примање на е-пошта. Во знак на благодарност, Gmail ќе ги почести корисниците со неколку новитети и специјални додатоци.

Помеѓу измените кои пристигнуваат оваа недела ќе бидат неколку корисни додатоци кои ќе им ја олеснат и забрзаат работата на корисниците на Gmail.

Еден од новитетите е опцијата за закажување на датум и време за испраќање на мејлови. Оваа задача досега беше достапна само преку екстензии, но сега ќе им биде достапна на сите корисници преку новиот Gmail. Опцијата ќе се активира со кликање на стрелката покрај полето Send.

Покрај неа, тука е и опцијата Smart Compose, која самата се прилагодува со навиките и стилот на пишување на корисникот и ќе му заштеди време и напор. Таа работи на база на вештачка интелигенција и може да препознае и запамти зборови и фрази кои корисникот често ги применува.

Со опцијата Smart Compose, самиот Gmail при испраќање ќе ги детектира зборовите со кои корисникот ги почнува мејловите, па на таа основа ќе може самиот да напише целосен мејл.

Коментирај