„God of War“ прогласена за видеоигра на годината во изборот на Game Awards

Конкуренцијата за видеоигра на годината во 2018 година е посериозна од било кога претходно, со имиња како „Red Dead Redemption 2“, „Assassin’s Creed Odyssey“ и „Marvel’s Spider-Man“, но името на победникот е сепак еден наслов кој со години е меѓу фаворитите на гејмерите ширум светот.

„God of War“ ја однесе најпрестижната награда за видеоигра на годината во изборот на Game Awards на церемонијата која се одржа синоќа.

„Вие, фановите секаде низ светот имате исти големи соништа како и нас, а тоа е одлично чувство кое ни дозволи да влеземе во студиото и да направиме нешто како ‘God of War’“, рече Шенон Стадстил, извршниот продуцент на играта, додека ја примаше наградата во име на Sony Santa Monica Studios.

Иако главната тема на разговор во гејминг индустријата годинава беа „Fortnite“ и „Red Dead Redemption“, сепак „God of War“ беше прифатена како најдобра игра од страна на критичарите и покрај тоа што нема толку голема играчка база како претходно наведените две игри.

 „God of War“ ги освои и наградите за Најдобра режија и Најдобра акција/авантура, додека „Red Dead Redemption“ ги понесе наградите за Најдобар наратив/приказна и Најдобра музика.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гејминг

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Read more

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Read more

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе