Премиерата на филмот „Godzilla: King of the Monsters“ оствари најголема заработка во текот на изминатиот викенд и се најде пред премиерните прикажувања на „Rocketman“ и на „Ma“. На второто место е „Aladdin“, со заработка од 42,3 милиони долари.
„Godzilla“, најновиот филм на Warner Bros. доминираше на бокс-офисот во Северна Америка, со заработка од 49 милиони долари, што беше доволно да се најде пред „Aladdin“.
На третото и четвртото место се најдоа премиерите на „Rocketman“, односно „Ma“, со заработка од 25 милиони долари, односно 18,3 милиони долари.
Ова се десетте најгледани филмови во текот на изминатите денови:
1. Godzilla: King of Monsters – 49 милиони долари
2. Aladdin – 42,3
3. Rocketman – 25
4. Ma – 18,3
5. John Wick: Chapter 3 – Parabellum – 11,1
6. Avengers: Endgame – 7,8
7. Pokemon Detective Pikachu – 6,6
8. Booksmart – 3,3
9. Brightburn – 2,3
10. The Hustle – 1,3 милиони долари.