Гол е, ама не е гол
Играчите на Емполи се соочија со голема судиска неправда на мечот против Козенца во италијанската Серија Б.
Не само што го изгубија натпреварот во гости, туку и не им беше признаен гол што повеќе од очигледно влезе зад гол линијата, но судијата не се огласи.
Самуеле Ричи шутираше од 20-тина метри, топката ја погоди пречката и заврши зад грбот на голманот Пјетро Перина, а потоа излезе од голот.
Gazzetta dello Sport ја искористи оваа ситуација како уште еден аргумент дека е крајно време да се воведе goal-line технологијата и во Серија Б.