Голем удар за рускиот фудбал: УЕФА ја исфрли Русија од сите натпреварувања и за наредната сезона

Ниту руските репрезентации нема да имаат можност да се натпреваруваат, а не беше прифатена ниту кандидатурата на земјата за домаќин на ЕУРО 2028 и 2032.

Извршниот комитет на УЕФА денеска извести дека сите руски репрезентации се исфрлени од претстојните натпреварувања, а руските клубови нема да играат во европските натпреварувања наредната 2022/23 сезона. Ова е голен удар за рускиот фидбал цела цела една сезона ќе биде надвор од европските натпреварувања, а голема штета ќе претрпат и репрезентациите во сите категории кои се исфрлени од сите можни првенства и квалификации.

Лига на нации 2022/23

Новата трета по ред сезона во ова европско меѓудржавно натпреварување ќе почне на почетокот од јуни, а Русија нема да се натпреварува. Така, групата 2 од Лига Б, во која се Исланд, Израел и Албанија, ќе остане покуса за една репрезентација со тоа што Русија ќе биде автоматски пласирана на последното 4. место и ќе испадне во Лига Ц за наредната сезона и тоа со ранг 16-та, последна од цела Лига Б.

Женско ЕУРО 2022

Руската женска репрезентација обезбеди пласман на завршницата на континенталниот собир во женска конкуренција, но се соочи со исфрлање. Нејзиното место во групата Ц ќе го заземе Португалија, репрезентацијата која беше елиминирана од Русија во баражите. Женското ЕУРО ќе се игра од 6 до 31 јули во Англија.

Квалификации за женски Мундијал 2023

Русија поради суспензијата не ги одигра двата априлски натпревари од квалификациите за пласман на женското Светското првенство, а нема ни да продолжи да игра, додека досегашните нивни резултати ќе бидат поништени, односно нема да влегуваат во табелата. Квалификациската група Е ќе продолжи со 5 репрезентации (Данска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Малта и Азербејџан).

У21 ЕУРО 2023

Како последица на суспензијата младата машка руска репрезентација не ги одигра планираните мартовски квалификациски натпревари во групата Ц. Нема ни да продолжи да игра, додека досегашните нивни резултати ќе бидат поништени, односно нема да влегуваат во табелата. Квалификациската група ќе продолжи со 5 репрезентации (Шпанија, Словачка, Малта, Литванија и Северна Ирска).

Клупски натпреварувања

Руската лига и куп нема да дадат претставници во натпреварувањата Лига на шампиони, Лига Европа и Европа конференциска лига за наредната 2022/23 сезона. Дополнително, европскиот клупски коефициент кој секоја земја го добива според постигнатите резултати за една сезона, Русија за сезоната 2022/23 ќе го добие според најслабиот остварен од нејзините клубови во последните 5 сезони (4,333). Истото ќе биде применето и за женските клупски натпреварувања.

Кандидат за домаќин на ЕУРО 2028/2032

Извршниот комитет на УЕФА ја отфрли кандидатурата на Русија за домаќин на Европските првенстав 2028 и 2032 цитирајќи прекршување на членот 16.02 од Правилникот за поднесување кандидатури на УЕФА, а според кој со воената интервенција врз Украина е нарушен од страна на Русија.

Други натпреварувања

УЕФА ја исфрли Русија и нејзините клубови и од помалите и понеактрактивни натпреварувања како женското футсал ЕУРО, Лигата на шампиони во футсал, квалификациите за футсал Мундијалот, У17 квалификациите за мажи и жени, како и Регионалниот куп за аматерски регионални репрезентации.

реклама

Фудбал

Велковски: Да покажеме храброст и да се надеваме на позитивен резултат

Read more

Тони Крос: Уживав, сакав да заминам на овој начин

Read more

Терзиќ: Не заслуживме ваков пораз, одигравме одлично

Read more

Статива

Read more
 

Спорт

  • filter

Дарио Ивановски победник на 8. издание на Охрид трчаТ

Читај повеќе
  • play_arrow

Велковски: Да покажеме храброст и да се надеваме на позитивен резултат

Читај повеќе

Тони Крос: Уживав, сакав да заминам на овој начин

Читај повеќе
  • play_arrow

Терзиќ: Не заслуживме ваков пораз, одигравме одлично

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓоковиќ и Музети играа до 3 сабајле – Ноле победи во пет сета

Читај повеќе
  • play_arrow

Статива

Читај повеќе

Димитријевиќ се договорил со Олимпија Милано

Читај повеќе
  • play_arrow

Вечерва е финалето во ЛШ: Реал апсолутен фаворит, Борусија подготвена за сензација

Читај повеќе
  • play_arrow

Митровиќ го расплака Роналдо: Ал Хилал со двојна круна во Саудиска Арабија

Читај повеќе