Кошарка
ФИБА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КИНА 2019

Голем удар за Србија, Теодосиќ не отпатува за Кина

20. август 2019 - 12:54 | Ф.З.

Српскиот селектор го објави списокот на кошаркари за Мундобаскетот, а на него ја нема ѕвездата Милош Теодосиќ кого го мачи повреда.

„Резултатите од последната магнетна резонанца не се добри. Руптурата од 4 и пол милиметри и натаму стои. Денес нема да патува со нас, а 99% нема да биде спремен да игра на Светското првенство. Тоа е огромна загуба за нас“, изјави селекторот Ѓорѓевиќ.

Репрезентацијата на Србија денеска патува за Кина каде ќе се подготвува до почетокот на Мундобаскетот. Србите и натаму се надеваат дека Теодосиќ ќе му се приклучи на тимот макар во текот на првенството иако шансите за тоа се минимални. Претходно отпадна и Драган Милосављевиќ кој се повреди на „Акрополис“ турнирот кој Србија викендов го освои.

Александар Ѓорѓевиќ во Кина ги носи следниве 12 кошаркари:

бекови:
Стефан Јовиќ - Баерн, Германија
Василије Мициќ - Анадолу Ефес, Турција
Богдан Богдановиќ - Сакраменто Кингс, САД
Марко Гудуриќ - Фенербахче, Турција

крила:
Владимир Лучиќ - Баерн, Германија
Немања Бјелица - Сакраменто Кингс, САД
Стефан Бирчевиќ - Баскет Бон, Германија
Марко Симоновиќ - Зенит, Русија

центри:
Бобан Марјановиќ - Филаделфија 76ерс, САД
Мирослав Радуљица - Џијансу Драгонс, Кина
Никола Милутинов - Олимпијакос, Грција
Никола Јокиќ - Денвер Нагетс, САД

Коментирај