Новото откритие на Curiosity уште повеќе ги комплицираше информациите за минатото на Марс, бидејќи научниците открија дека истата карпа што докажува дека се наоѓала во езеро, истовремено докажува дека во атмосферата имало премалку јаглерод диоксид.
Роверот на НАСА досега има откриено многу докази дека на површината на Црвената планета постоела вода во течна состојба, но најновата студија поставува едно многу тешко прашање: дали површината на Марс била доволно топла за да постои вода во течна состојба?
Новата анализа покажува дека Марс пред 3,5 милијарди години имал премалку јаглерод диоксид во атмосферата за да обезбеди доволно силен ефект за одмрзнување на мраз. Истиот камен од кој се извадени седименти од древно езеро е доказ дека такво езеро не би можело да постои. Новата анализа доведе до заклучоци дека изостанокот од карбонати во каменот сугерира дека во времето кога езерото постоело, во атмосферата на Марс немало доволно јаглерод диоксид.
Истражувачите сега разгледуваат неколку теории кои би можеле да ги објаснат двете контрадикторни линии на докази. Мисијата на Curiosity продолжува, така што во скоро време роверот ќе пронајде нови докази кои ќе откријат што точно се случувало на Марс во минатото.