Фудбал
ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2019/20

Големи проблеми за Борусија пред утрешното гостување во Милано

22. октомври 2019 - 13:22 | Ф.З.

Триото Ројс, Алкасер и Шмелцер остана во Дортмунд па Борусија ќе мора без нив да брка позитивен резултат на тешкото гостување утре кај Интер.

Самиот клуб се „пофали“ на Твитер дека поради повреди не се качиле на авионот Марко Ројс, Марсел Шмелцер и Пако Алкасер.

Офанзивците Ројс и Алкасер се во одлична форма сезонава бидејќи досега во Бундеслигата постигнаа по 5 голови и по еднаш асистираа, па нивното отсуство сигурно ќе го израдува Антонио Конте чиј Интер е под императив победа.

Левиот бек Шмелцер сезонава е резерва кај Лусјан Фавр кој ги претпочита Нико Шулц и Рафаел Герејру, па неговото отсуство е небитно.

Во тимот се вратија суспендираниот Џејдон Санчо како и Марио Гетце и Роман Бурки, но двајцата сепак се неизвесни за натпреварот бидејќи штотуку се опоравија од повредите.

Интер ја пречекува Борусија утре од 21 часот на „Џузепе Меаца“.

Коментирај