Авто новости

Големината е важна: Што ќе се случи кога мал Citroen ќе се забие во SUV на Audi?

16. март 2019 - 16:37 | А.С.

Колку и да е напредната автомобилската индустрија, особено во поглед на безбедноста, понекогаш е невозможно да се надомести зафатнината на возилото.

Автомобилите денес се занчително побезбедни од порано, но сепак впечатокот дека големината е важна по ова прашање - е оправдан.

Ова видео од креш-тест што го спроведе швајцарската групација AGU Zürich (Working Group on Accident Mechanics), што има собрано специјалисти за биомеханика, инженерство, медицина и спорт, со цел да се проучат различните видови повреди во сообраќајни незгоди.

Главни „актери“ се Citroen C3 од 2014 година и постар Audi Q7 од 2006 година. Малиот Citroen ќе налета со брзина од 35 км/ч од задната страна на „уличниот тенк“ на Audi, а епилогот е следен: иако е понов автомобил, Citroen C3 е потполно уништен, а штетата е тотална и изнесува 17.215 швајцарски франци. Од друга страна, SUV возилото претрпува само помали оштетувања и штетата е проценета на 5.127 швајцарски франци.

Во продолжение, колку за споредба, уште еден креш-тест, овојпат на автомобили со иста старост. Овојпат Renault Captur со иста брзина удира во задниот дел на Audi A3. Логично, поскапа е поправката за автомобилот Renault што е оштетен на предната страна.

Коментирај