Астрономите пронајдоа вода во атмосферата на планетата што e двојно поголема од планетата Земја.
Бидејќи планетата К2-18b е оддалечена 111 светлосна година од Земјата, премногу е далеку да се испрати летало во потрага по живот надвор од нашата матична планета. Но, во следните десет години, научниците очекуваат лансирање на нова генерација вселенски телескопи што би можеле да утврдат дали има некој гас К2-18b во атмосферата што можат да произведат само живи организми.
Планетата е двојно поголема од Земјата, а компјутерското моделирање на податоци покажува дека до 50 проценти од нејзината атмосфера можеби е составена од вода. Температурите на планетата се доволно студени за проточна вода, од нула до 40 Целзиусови степени.
Единствениот проблем е што астрономите не можат да се договорат за тоа кои гасови ќе докажат присуство на живот.
„Истражување за хемискиот состав на можеби стотина планети, сигурно ќе бидат потребни за да се разбере како се создадоа и како тие се развија“, изјави за BBC, професорката Џована Тинети, водач на тимот кој го објави откритието на вода на К2-18б во научното списание Nature Astronomy. Таа е воодушевена од откритието.
Водата е откриена досега на други планети, но тие се или преголеми или премногу топли за да ги поддржат животните услови, додека помалите и релативно постудените планети се потешки за откривање. К2-18б беше пронајден во 2015 година благодарение на вселенското летало на НАСА Кеплер и е една од стотиците планети чија маса е помеѓу Земјата и Нептун, наречена суперземја. Мисијата на НАСА која е наречена „Tess“ се очекува да открие стотици повеќе планети од овoj вид во наредните години.