Голман доби црвен по само 13 секунди игра
Во најдобрата турска лига голманот на Коњаспор во 13-тата секунда играше со раце надвор од шестнаесетникот па уште пред да му биде покажан картонот сам се упати кон соблекувалната.
Се работи за искусниот 34-годишен голман Серхан Киринтили (всушност правилниот изговор на Kırıntılı е К'р'нт'л') кој од лани има и три настапи за репрезентацијата на Турција.
Играч од гостинската екипа на Малатијаспор упати долга топка кон нашиот Адис Јаховиќ, а Киринтили излета вон шестнаесетникот да ја пресече топката, но изгледа заборави дека е надвор па во моментот кога ја фати топката во раце му текна и веднаш сам се упати кон соблекувалната. Успат судијата му го покажа директниот црвен кој е најбрз за голман во историјата на турскиот фудбал.