Гонзалес: Ние сме фаворити, но треба тоа и да го потврдиме

Македонската ракометна репрезентација попладнево го одржа првиот собир во пресрет квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2020 година.

Селекторот Раул Гонзалес во Скопје ги пречека ракометарите, а на првата прозивка се појавија сите со исклучок на Филип Талески, кој поради клупски обврски ќе пристигне подоцна.

Гонзалес изјави дека македонската репрезентација има фаворитската улога, а очекува со добро издание на неговите избраници да го потврдат тоа.

„Ние сме фаворити, но треба тоа и да го потврдиме. Треба да се фокусираме на натпреварот, да имаме почит кон противникот и да одиграме како и на сите досегашни натпревари. Играме дома, треба да мислиме само на првиот натпревар, а потоа ќе видиме. Ни претстои тежок меч“, истакна Гонзалес.

Селекторот очекува добарa атмосфера и поддршка од публиката на натпреварот во Битола.

„Репрезентацијата на Македонија заслужуваат да ја гледаат навивачите ширум целата земја. Сум водел натпревари во Битола, знам дека таму се создава добра атмосфера и затоа сум уверен дека ќе имаме голема поддршка од трибините“, наведе Гонзалес.

Македонските ракометари првиот квалификациски натпревар против Турција ќе го играат на домашен терен во Битола на 25 октомври, а три дена подоцна ќе се соочат со Грција на гостински терен во Кожани.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе