Компанијата Google во Њујорк ги претстави новите смартфони Pixel 4 и Pixel 4 XL.
Pixel 4 ќе биде достапен во три нови бои: бела, црна и портокалова.
Pixel 4 ќе чини 799 долари, а Pixel 4 XL 899 долари.
Pixel 4 XL има 6,3 инчен Quad HD екран, додека Pixel 4 има 5,7 инчен екран со резолуција од 1080p и брзина на освежување од 90Hz.
Oсвен големината на екранот и капацитетот на батеријата (2.800 и 3.700 mAh), двата смартфони имаат идентични спецификации. Користат Qualcomm Snapdragon 855 процесор, 64 или 128 GB меморија и 6 GB RAM.
Во горниот агол има сензори за отклучување на телефонот со face ID.
Новите смартфони имаат нови софтверски трикови, а подобрени се и постоечките модови како што е Night Sight. Со Live HDR+ ќе имате сосема ново доживување на фотографиите.