Софтвер

Google откри детали за оперативниот систем Android Wear

23. јуни 2014 - 12:00 | Д.П.

Google објави видео во кое открива детали за својот претстоен оперативен систем за паметните часовници, кој ќе се вика Android Wear. Ви видеото се наведени и детали кои претходно не беа познати, а во оваа ситуација е поедноставен и прилагоден на часовниците.

Функционирањето на платформата е базирана на глас, па интеракцијата е можна и без допирање на екранот. Нотификациите ќе се редат една врз друга, а најновите и истите ќе бидат на врвот.

Reply функцијата ќе овозможува одговор на пораките, а потребно е само да го изговорите она што сакате да го пратите. Оперативниот систем се уште е во фаза на тестирање, па прецизноста на говорните наредби се уште треба да биде потврдена.

Коментирај