Хардвер

GoPro ќе произведува дронови

27. ноември 2014 - 19:29 | И.М.

Компанијата позната по популарната акциона камера, произведува дронови за широка употреба, што ќе се најдат на пазарот на крајот на следната година, пренесува The Wall Street Journal.

Дроновите на GoPro ќе бидат мали хеликоптери со вградена камера, чија цена се очекува да биде од 500 до 1000 долари.

Иако веќе има неколку компании кои нудат вакви производи, поради репутацијата и успешноста на GoPro се очекува овој нов нивни производ веднаш да им стане конкуренција. Ова е очекуван потег од компанијата, која најверојатно сака да биде лидер во практична и достапна воздушна фотографија. 

Коментирај