Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Доколку сакате да ги избегнете негативните впечатоци поради неуредноста во вашиот дом, погрижете се овие детали да се секогаш на своето место.

И покрај тоа што се обидувате да го одржувате вашиот дом чист, лесно е да се занемарат некои мали нешта. Не е многу пријатно ако тие ситници се првите работи што ги забележуваат вашите гости веднаш штом ќе влезат во вашиот дом. Доколку брзате да чистите, а гостите се веќе пред врата, не губете време - први ќе бидат забележани овие детали:

Мирис

Ништо не предизвикува расположение како пријатен мирис кој се шири низ вашиот дом. За жал, истото важи и за непријатните мириси. Одржувајте го вашиот дом проветрен и полн со свеж воздух, а можете да користите и миризливи свеќи, дифузери со вашите омилени есенцијални масла или други освежувачи на воздух. Обрнете посебно внимание на ова доколку имате домашни миленици – вие можеби сте навикнати на нивниот мирис, но вашите гости сигурно нема да го игнорираат.

Влакна од домашни миленици

Ако не чувате миленичиња, со оваа точка немате проблем. Но, доколку чувате...

Никој не сака да седи на мебел покриен со влакна од домашно милениче. Четкајте ги вашите миленици редовно и отстранете ги влакната од мебелот, подот и теписите.

Основна хигиена

Гостите ќе забележат дали во бањата недостасува сапун, тоалетна хартија или чисти крпи за раце. Тоа нема да остави добар впечаток.

Бања

Повеќето луѓе ќе сакаат да ги мијат рацете во бањата или да го користат тоалетот за време на посетата. Затоа тие дефинитивно ќе забележат дали мијалникот е чист, дали славината има бигор и млзот криво тече, и дали полиците се правливи или полни со нечистотија. Но, најлош впечаток ќе остави доколку тоалетната школка не ви е исчистена.

Ходник

Влезниот дел е првото нешто што гостите го гледаат кога ќе влезат во вашиот дом и затоа остава силен впечаток. Ако е преполн, има прашина или мириса непријатно, на гостите нема да им се допадне вашиот стан, дури и ако сè друго е во совршен ред.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе