Гостивар завиен во црно, денеска комеморативна седница во Советот на општината

Гостивар, 14 февруари 2019 (МИА) – Синоќешната вест за 14-те загинати патници Гостиварци во автобуската несреќа на патот Скопје-Тетово, ги потресе жителите на првиот град на Вардар. Многумина на социјалните мрежи од синоќа, а и утрово искажуваат сочувство на роднините на настраданите.

Гостиварци во шок и неверување утрово по трагедијата се претпазливи во коментарите и веста околу идентитетот на жртвите, бидејќи се уште официјално не е потврден нивниот идентитет.

Од кругот на семејството на еден од загинатите за МИА потврдија дека меѓу настраданите е и раководителот на Секторот за сообраќај на Град Скопје кој по работното време се враќал за дома во Гостивар.

Од локалната епархија потврдија дека неговиот погреб е закажан за денеска во 14 часот, а за утре уште два на лица загинати во несреќата.

Потврдено е дека меѓу настраданите е и синот на пратеникот Благојче Трпевски.

Жртвите од автобусот се главно лица кои редовно патуваат на релацијата Гостивар – Скопје – Гостивар, како вработени во Скопје и студенти. Токму во терминот на редовната линија на „Дурмо- турс“ во 16 часот и 15 минути компанијата врши превоз на патници со два, па и три автобуса.

Од синоќа речиси сите угостителски објекти ги откажаа прославите најавени за претстојниот викенд, а од Општина Гостивар најавија дека Советот на општината за 12 часот најави вонредна, комеморативна, седница.

Градоначалникот Арбен Таравари уште синоќа, по посетата на повредените на скопските клиники, изрази сочувство и најави помош за повредените.

На седницата е најавено и присуство на претседателот на Владата, Зоран Заев.

Во поновата историја ова е најголемата трагедија која што ги погодила градот и околината.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе