По повод Месецот на полската литература, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје ќе гостува Војчех Јагјелски, автор на книгата „All Lara's Wars“ (Сите војни на Лара). Разговорот со авторот ќе го води Лидија Танушевска од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.
На настанот закажан за 13 мај (понеделник) во 19 часот, му претходи (во 18:30 часот) отворањето на изложбата од студентите-учесници на конкурсот „Графика на годината“ организиран од Графичкиот факултет при Академијата за ликовни уметности во Краков.
На 16 мај (четврток) во ГБСК гостува Роксана Јенджејевска-Врубел, авторка на книгата „Humory Hipolita Kabla“ (Расположенијата на Хиполит Колбас). Оваа писателка за деца ќе одржи и креативна работилница во нашиот Оддел за литература за деца во 17 часот.
Гостувањето на полските автори е дел од проектот „Полска на полица“, во кој партнер на Амбасадата на Република Полска е токму ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје.
Настаните се со превод на македонски јазик.