Македонија
Грчките земјоделци го прекинаа штрајкот

Граничниот премин Евзони отворен за сообраќај

17. февруари 2017 - 12:46 | Kајгана/Макфакс

Граничниот премин Евзони е отворен за сообраќај за сите видови на возила, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија, откако грчките земјоделци го прекинаа штрајкот. Овој граничен премин беше во прекин за секаков вид на сообраќај речиси три недели.

Како што информираат од АМСМ, на останатите граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози на пониските места, додека на осојничавите места коловозите се наместа влажни.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. 

Коментирај