ФИБА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КИНА 2019

Грција ја победи Чешка, но со недоволна разлика за четвртфинале

Грчката кошаркарска репрезентација попладнево забележа победа над чешката селекција со 84:77 во натпревар од второто коло на Светското првенство.

Разликата од седум поени е недоволна за Грците да се надеваат на пласман помеѓу осумте најдобри. Нив им беше потребен триумф од најмалку 12 разлика.

Во последниот дуел од К-групата, ќе се соочат САД и Бразил.

Американците се први на табелата со осум бода и обезбеден пласман во четвртфиналето. Во моментов Грција е втора со осум бода, исто толку има и Чешка, додека Бразил собра седум бода.

Чешка го победи Бразил со 22 поени разлика, а загуби од Грција со седум и има плус 15 во евентуалниот круг на три репрезентации со ист број бодови.

Грција има победа со седум разлика над Чешка и пораз од Бразил со еден поен, односно плус шест. Бразил во тој круг би имал минус 21 поен.

Затоа на Бразилците им треба триумф против САД за влез во четвртфиналето, во спротивно Чешка ќе оди во елиминациската фаза.

Светското првенство во Кина се одржува од 31 август до 15 септември.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе