Греми награди: Кендрик Ламар, Дрејк и Дуа Липа ги предводат номинациите за 2019 година

Денеска беа објавени номинациите за претстојните Греми награди кои ќе се одржат во Лос Анџелес на 10 февруари. Најмногу номинации добија претставниците на хип-хоп музиката, од каде доаѓаат пет од шесте најмногу номинирани артисти.

Кендрик Ламар доби најмногу номинации за Греми оваа година – сосем очекувано со оглед на тоа што раперот беше активен на неколку полиња, соработуваше со артисти од неколку жанрови и беше задолжен за музиката на филмот „Black Panther“.

Песната „All of the Stars“ е номинирана за Песна на годината и Снимка на годината. Разликата помеѓу двете категории е во тоа што во првата категорија се наградува авторот на песната, додека во втората се наградува изведувачот. Во конкуренција за двете награди се уште и „The Middle“ на Зед и Марен Морис, „Shallow“ на Лејди Гага и Бредли Купер, „God’s Plan“ на Дрејк и „The Joke“ на Карлајл.

Дрејк е номиниран и за Албум на годината за неговиот „Scorpion“, а помеѓу номинираните се и „H.E.R“ на Х.Е.Р., „Beerbongs and Bentley“ на Пост Малоун, „Dirty Computer“ на Жанел Моне, „Golden Hour“ на Кејси Масгрејвс, како и саундтракот на „Black Panther“.

Неколку нови лица се појавија на музичката сцена годинава, а жирито на Греми наградите не заборави на нив. Помеѓу номинираните за Најдобар нов изведувач се најдоа Дуа Липа, Џорџа Смит, Грета Ван Флит, Бебе Реџа, Марго Прајс, Х.Е.Р., Лук Комбс и сестрите Клои и Хејл.

Целосната листа на номинации можете да ја погледнете на вебсајтот на Греми наградите.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Музика

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Read more

Бијонсе разголена за новиот албум

Read more

Како Фахрета Јахиќ стана Лепа Брена?

Read more

Северина: Секоја средба со Македонија остава длабока трага во моето срце

Read more
 

Сцена

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе