Груби: ДУИ поднесе речиси 5.000 амандмани на Изборниот законик

Скопје, 12 декември 2019 (МИА) – Пратеничката група на ДУИ поднесе речиси 5.000 амандмани на предлог–измените на Изборниот законик, затоа што смета дека процес на еднонасочно, еднострано менување на правилата на игра пред да започнат изборните процеси е опасен преседан со кој би се соочило ова Собрание и политичката сцена во нашата држава, изјави денеска пратеникот на оваа партија, Артан Груби.

– Сметаме дека тие правила на игра за сите политички партии мора да се донесат консензуално во согласност со сите политички партии, рече Груби на денешната прес-конференција.

Одговарајќи на новинарско прашање дали ДУИ е за менување на изборниот модел, Груби рече дека партијата е за разговори, информирајќи оти за утре министерката за правда Рената Дескоска свикала состанок на сите парламентарни, но и вонпарламентарни партии и на претставници на цивилното општество и на други институции, на кои ќе се разговара за изнаоѓање најдобар можен изборен модел и Изборен законик.

Овие решенија, како што рече, би требало да бидат консензуално срочени во предлог-закон и усвоени од сите затоа што тие правила на игра се однесуваат на сите.

Според него, не би требало да се прават опасни преседани со партиски калкулации само за следните избори од која било страна, затоа што со тоа се отвора Пандорината кутија и нема да се знаат последиците.

Претходно, претседателот на собраниската Комисија за политички систем Александар Кирацовски информираше дека за измени на Изборниот законик досега се поднесени 6.000 амандмани.

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе