Кошарка

ГС води 2-0 во финалето на Западот

22. мај 2015 - 9:07 | Макфакс

Кошаркарите на Голден Стејт славеа над Хјустон со 99:98 и во финалната серија во Западната конференција, во НБА лигата поведоа со 2:0.

Трагичар на мечот беше Џејмс Харден, кој беше на чекор до трип дабл (38, поени, 10 скока, 9 асистенции) и кој му помогна на тимот да се врати во мечот по негативата од 17 поени, но во последните секунди ја загуби топката во ситуација кога можеше да му донесе победа на Хјустон.

Покрај Харден уште тројца играчи на Хјустон постигнаа двоцифрен број на поени: Двајт Хауард (19 поени, 17 скокови), Теренс Џонс (12 поени) и Џош Смит (10 поени).

Голден Стејт до втората победа во финалната серија го предводеше Стеф Кари со 33 поени, 3 скока, 6 асистенции, но и дури 6 загубени топки.

Коментирај