Гвардиола: Апсурдно е да освоиме четири трофеи оваа година

Манчестер, 14 јануари 2019 (МИА) – Пеп Гвардиола ги опиша како „апсурдни“ шансите на Манчестер Сити да ги освои сите четири можни натпреварувања, во кои учествува оваа сезона. „Граѓаните“ официјално се во финалето за Лига Купот по убедливиот успех во првиот полуфинален натпревар против Бартон Албион со 9:0, а освен тоа се во битката за титулата во Англија, во 1/8-финалето во Лигата на шампионите и во четвртиот круг од ФА Купот.

– Не. Сигурно не. Не верувам дека е можно. Ние сме во едно финале, но нашата цел е да се освои следната средба. Не гледаме постојано на табелата, туку се трудиме да сме подеднакво подготвени за секој судир. Тоа е она што го научив од големите клубови. Тие не играат некоја средба како да се на одмор, туку се обидуваат секогаш да победуваат. Така се станува вистински клуб, само со оваа филозофија може да се надградиш, изјави Гвардиола.

Вечерва од 21 часот, Манчестер Сити го пречекува Вулверхемптон во последниот дуел од 22-то коло на Премиер лигата. Тимот од „Етихад“ има потреба од успех, за да се намали повторно заостатокот од лидерот Ливерпул на четири поени.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе