Гвардиола: Никогаш не сум примил толку многу голови

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, признава дека нeговиот тим по дебаклот од Евертон е далеку од освојување на шампионската титула. Шпанецот рекол дека Челзи е блиску до шампионска промоција.

Манчестер Сити вчера го доживеа најубедливиот пораз на „Гудисон Парк“ во последните девет години. Евертон победи со 4:0, а Гвардиола не крие дека никогаш во кариерата не се наоѓал во така тешка ситуација.

„Челзи има голема предност, десет бодови се многу. Второпласираниот ни бега за три бода и тоа е достижна разлика. Создаваме шанси, но имаме проблeм со реализацијата“, рекол Гвардиола за Sky Sport.

Шпанецот истакнал дека никогаш во претходните тимови немал проблеми во одбраната, а сега се соочува со деликатни проблеми бидејќи Сити на 21 натпревар во Премиер лигата прими 26 голови.

„Слични проблеми сум имал, но не толку деликатни. Кога во осум години ќе освоите седум трофеи се навикнувате да победувате. Морам да го најдам вистинското решение, моите играчи повтoрно да почнат да победуваат. Среќен сум во Сити, но прв пат во кариерата примам многу голови“, дополнил Гвардиола.

Манчестер Сити е на петтата позиција во Премиерлигата, а во наредното коло во дербито ќе го пречека второпласираниот Тотенхем. 

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Фудбал

Се посрамоти за цел живот: Хрват го изведе најлошиот пенал и тоа во Ла Лига

Read more

Џеко на 38 години истрча од гол на гол за девет секунди

Read more

Како беше на скопското дерби Работнички - Вардар?

Read more

Проклетството на Кејн ја уништи трофејната низа на рекордерот Коман

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Се посрамоти за цел живот: Хрват го изведе најлошиот пенал и тоа во Ла Лига

Читај повеќе

Американците со најдобрите ќе настапат на Олимпијадата во Париз

Читај повеќе
  • play_arrow

Џеко на 38 години истрча од гол на гол за девет секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Како беше на скопското дерби Работнички - Вардар?

Читај повеќе

Проклетството на Кејн ја уништи трофејната низа на рекордерот Коман

Читај повеќе
  • play_arrow

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Читај повеќе

Откриено зошто колабираше Ндика, немал срцев удар

Читај повеќе

Сега почнува спектаклот: Познати се сите плеј-ин парови и учесници во плеј-офот

Читај повеќе

Спектакл во Тексас, Вињалес влезе во историјата на кралската класа

Читај повеќе