Гвардиола: Ништо не е решено

Манчестер Сити и Монако го одиграа еден од најдобрите натпревари во Лигата на шампионите, Сити победи со 5:3, а по мечот менаџерот Пеп Гвардиола истакнал дека е задоволен од резултатот.

Манчестер Сити со голем пресврт успеа да стекне предност пред реваншот во Монако, откако противникот два пати водеше (1:2, 2:3).

„Размислувавме само како да напаѓаме и напаѓавме, напаѓавме. Монако оваа сезона има постигнато 80 голови, тие напаѓаат со многу играчи. Физички се силни, тие се навистина врвна екипа. Поради тоа се лидери во првенството. Ние сме задоволни од резултатот. Можеше да биде и подобро, но и полошо за нас“, рекол Гвардиола.

Сити водеше со голот на Стерлинг, потоа Фалкако и Мбапе направија пресврт до крајот на првото полувреме. Фалкао на почетокот на вториот дел промаши пенал, а Агуеро по картастрофалната грешка на Субашиќ израмни. Потоа Фалкао постигна брилијантен гол за ново водство на Монако, а во последните 20 минути Агуеро, Стонс и Сане му донесоа предност на Сити од два гола пред реваншот во малото кнежевство.

„Имавме среќа. Ментално бевме многу стабилни. Ова искуство ќе ни биде од голема помош во иднина. Монако има подолга историја во Лигата на шампионите, а во едно вакво натпреварување искуството е неопходно за да можеш да напредуваш. Секако ништо не е решено, во Монако може се да се случи“, дополнил Гвардиола.

Реваншот на стадионот „Луј II“, ќе се одигра на 15 март. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Read more

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Read more

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Read more
 

Спорт

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе