Гвардиола по мечот со Свонси: Жал ми е што победивме на тој начин

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, уште еднаш ја отвори темата за воведување на системот ВАР на секој стадион.

Вчера „граѓаните“ го победија Свонси со 3:2 во четвртфиналето на ФА Купот, но два од нивните голови беа прилично контроверзни. При пеналот за вториот гол на гостите, речиси немаше фаул над Рахим Стирлинг, а победничкиот гол на Серхио Агуеро беше од очигледен офсајд.

По мечот, тренерот на гостите изјави дека не е среќен што победиле на тој начин.

– Вистината е дека не ги видов овие ситуации. Ако навистина нема пенал и голот е од офсајд, како што велат луѓето, тогаш ми е жал. Но мора да ги прашате шефовите на ФА зошто на овој стадион нема ВАР. Тие ги прашаа сите клубови дали сакаат воведување на ВАР и рековме дека сакаме во текот на целата сезона. Насекаде во Европа веќе има ВАР, но не и тука. Треба да прашате зошто е тоа така. Не сакам да победувам на сличен начин, изјави Каталонецот по вчерашниот меч,во кој неговиот тим губеше со 2:0 на полувреме.

Сепак, тој изрази мислење дека тимот играл добро како целина.

– Ако ја анализираме играта, мислам дека заслуживме да победиме, убеден е Гвардиола.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе