Останати спортови

Хабиб: Мекгрегор е идиот, немам време за него

21. ноември 2019 - 11:22 | Б.С.Б.

Хабиб Нурмагомедов изјави дека последните навреди од Конор Мекгрегор воопшто не го допираат и дека не губи време за идиоти.

Така, војната со зборови продолжи меѓу двајцата борачи, а ниту едниот, ниту другиот изгледа дека не пропушта шанси за навреди. Хабиб тоа го направи во текот на посета на училиште во Москва, додека разговараше со деца на возраст меѓу 6 и 12 години.

Едно од момчињата го праша дали сака реванш со Мекгрегор во Москва.

„Искрено, мислам дека тој не ја сака таа средба. Зошто така мислам? Го тепав четири рунди. Го тепав и го давев, а тој ме „тапкаше“. Тоа беше знак дека не сака да биде овде. А, сега сака реванш, откако молеше да го пуштам. Прво мора да го заслужи. За да се борам за таа титула јас морав да победам во 10 борби една по друга во УФЦ. И во тоа не ги сметам 16 победи кои ги имав надвор од УФЦ. Секоја борба ја заслужив со моите постапки, а не со мојата уста. Во тоа се разликуваме. Тој зборува, а јас само работам“, рече Хабиб.

Потоа додаде:

„Тоа е убаво за мене затоа што дури и кога сум тивок и кога ништо не зборувам, луѓе сè можат сами да сфатат. Кога некој само зборува е едно, а дејствувањето е нешто друго. Немам време за неговите најави и навреди. Тој е идиот, не обрнувам внимание на идиоти“, порача Хабиб.

Коментирај