Ф1

Хамилтон на пол позицијата во Каталуња

14. мај 2016 - 16:13 | Макфакс

Актуелниот светски првак, Луис Хамилтон, ја освои пол позицијата во пресрет на трката за Големата награда на Шпанија, што утре ќе се вози на патеката во Каталуња.

Хамилтон до најдобрата позиција на стартот стигна во последниот квалификациски круг, кога со време 1:22.000 минути го надмина остварувањето на тимскиот колега Нико Розберг за 0.280 секунди. Германецот, кој е лидер во генералниот пласман и кој на претходните две трки ја освојуваше пол позицијата, ќе стартува од второто место.

Во квалификациите блескаа возачите на Ред Бул, Даниел Рикардо и Макс Верстапен, кои им го „украдоа“ вториот стартен ред на колегите од Ферари.

Кими Раиконен и Себастијан Фетел трката ќе ја започнат од петтата односно шесттата позиција, а зад нив се пласираа Валтери Ботас (Вилијамс), Карлос Саинц (Торо Росо), Серхио Перез (Форс Индија) и Фернандо Алонсо (Мекларен).

Трката за Големата награда ќе се вози утре со почеток во 14 часот. 

Коментирај