Свет

Хаос во Мелбурн, маж со нож избоде случајни минувачи

9. ноември 2018 - 11:01 | Б.С.Б.

Маж вооружен со нож нападна случајни минувачи во Мелбурн, има и мртви. Напаѓачот е ранет, па уапсен од полицијата.

Во центарот на Мелбурн тројца луѓе се избодени, а еден од нив починал. Напаѓачот со нож одел по улици и повредувал луѓе. Полицијата го ранила и примен е во болница во критична состојба. Пред неговата соба има поставено стражари. Полицијата подоцна соопшти дека починал.

„Во овој момент немаме сознанија дали станува збор за тероризам, но ќе бидеме отворени за сите можности“, изјави Дејвид Клејто, шеф на полицијата во сојузната држава Викторија.

Локалните медиуми објавија снимка на која се гледа напаѓачот како се обидува со нож да ги нападне и полицајците кои го апсат.

Според очевидци, станува збор за висок маж облечен во исламска облека и со темен тен.

Коментирај