25.август 2019
Хаосот во Хонгконг не стивнува, полицијата употреби водени топови
Нема мир во Хонгконг, туку нови протести. Полицијата употреби водени топови и солзавец против демонстрантите, кои фрлаа камења и правеа блокади.
Луѓето на улиците велат дека владата не одговара на нивните барања за целосно повлекување на законот за екстрадиција и оставка на лидерката Кери Лам. Веќе 11 недели се одржуваат протести. Конфликти меѓу полицијата и демонстрантите се забележани во многу делови од градот.
-->
Коментирај