Регион

Харадинај: Вооружувањето на Србија од Русија и Кина е лудило и закана за мирот во регионот

4. ноември 2019 - 11:26 | МИА

Приштина, 4 ноември 2019 (МИА) – Косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај смета дека постојаното вооружување на Србија со воена опрема од Русија и Кина претставува директна закана за Косово, но и за, како што вели, „кревкиот мир во регионот“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Харадинај преку својата страница на facebook порача дека е „лудило“ тоа што Србија продолжува да набавува противвоздушни ракетни системи и друга воена опрема од тие две земји.

– Постојаното вооружување на Србија со воена опрема од Русија и Кина (панцири, противвоздушни ракетни системи, дронови, итн.) претставува директна закана за Косово, за кревкиот мир во регионот и евроатлантските перспективи. Србија треба да престане со тоа лудило пред да биде предоцна, напиша Харадинај.

Коментирај