Федералниот апелационен суд во САД донесе одлука со која го прифаќа барањето за масовна тужба на корисниците против Dell, поради продажба на проблематични преносни компјутери.
Откако еднаш го одби истото барање во 2008. година и предложи индивидуални тужби, американскиот суд ја корегираше својата одлука и дозволи оштетените корисници со здружени сили да се спротистават на Dell.
Во тужбата се вели дека Dell го прекршиле законот за заштита на потрошувачи во Калифорнија со продажба на лаптопи од серијата Inspiron, кои имале несоодветен систем за ладење, проблематично напојување и матични плочи.
Овие проблеми со конфигурациите на Dell предизвикувале исклучување на преносните компјутери без никакво предупредување, неможност за подигнување на оперативниот систем и брзо расипување на целиот систем.
Проблематичните лаптопи поради кои Dell ја "кркна" оваа масовна тужба од неговите фрустрирани корисници се продавале во периодот од јули 2004. до јануари 2005. година. За сега, сеуште нема точна информација колку корисници биле оштетени од проблематичната серија на Dell Inspiron.
М. Л. | Кајгана