21.ноември 2019
Харисон Форд оди во луда авантура во трејлерот за „The Call of the Wild“
Објавен е првиот трејлер од филмот „The Call of the Wild“ („Повик на дивината), направен според истоимената адаптација на Џек Лондон од 1903 година.
Харисон Форд оди во луда авантура заедно со неговото ново куче Бак во трејлерот што го објави 20th Century Fox’s. Филмот е адаптиран според новелата на Џек Лондон, а дејството се одвива во Јукон, Алјаска за време на златната треска кон крајот на 19 век.
Режисер на филмот е Крис Сандерс, а во останатите улоги се појавуваат Ден Стивенс, Омар Сај, Карен Џилијан, Бредли Витфорд и Колин Вудел.
Премиерата е закажана за 21 февруари 2020 година.
-->
Коментирај