50 мегапиксели и цена од 9.000 евра

Hasselblad X1D: Првиот мирорлес дигитален средноформатен фотоапарат

Средноформатните дигитални фотоапарати се стандард во професионалната фотографија бидејќи даваат врвни резултати кои се забележително подобри од оние на стандардните 35 милиметарски DSLR-и. Сепак поради нивната големина и гломазност, најчесто се наменети за сликање во студио, а исто така се и многу скапи со цени од 15-50.000 евра. 

Една од најпознатите компании во овој сегмент е Hasselblad, а компанијата сега го претстави првиот дигитален мирорлес средноформатен апарат. Според компанијата, овој фотоапарат има врвен квалитет и цена која е подостапна во однос на стандардните нивни модели. 

Verge пишува дека е неверојатно колку е компактен апаратот, а сликањето со него наликува на фотографирањето со стандардните мирорлес или DSLR фотоапарати. Сепак, X1D има предност што има многу поголем сензор.

Фотоапаратот има екран осетлив на допир, и резолуција од 50 мегапиксели, отвор за две SD картички, може да снима 1080р видео, и да фотографира со максимално ИСО 25.600. Hasselblad вели дека нивниот CMOS сензор има динамички опсег од 14 бленди.

Според Verge камерата не е наменета за брза работа, но затоа е идеална за портрети, пејзажи, мртва природа, како и за останатите побавни дисциплини.

Цената на овој модел кој засега е достапен само со два објектива е околу 9.000 евра, а за леќите чинат околу 2.500 евра.

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=SAJr7FmL5Hw]

 

реклама

Фото

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Read more

Фотографијата со заспаната поларна мечка ја доби наградата за најдобра на годината

Read more

Презентирана акционата камера Insta360 GO 3, чини од 430 евра

Read more

Нова ера во развојот на фотосензори за смартфони

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе