Свет

Херојот на Франција: Човекот кој влета во пламенот во Нотр Дам за да спаси вредни реликвии

17. април 2019 - 10:35 | Б.С.Б.
Француски свештеник стана херој за локалните медиуми по сведоштвата дека додека горела катедралата Нотр Дам, тој влетал во пламенот и спасил две свети реликвии.

Свештеникот Жан Марк Фурније покажал неверојатна храброст откако во текот на пожарот влегол во катедралата, заедно со пожарникарите. Тој успеа да ги спаси двете најзначајни реликвии од Нотр Дам, Христовиот сакрамент и круната на Христос.

„Свештеникот е вистински херој, не покажа ниту трошка страв, влезе во пламените и отиде право кон реликвиите“, изјави еден од пожарникарите.

Истиот свештеник служел војска во Авганистан, каде преживеал напад од заседа во кој загинале 10 војници, а во 2015 година им помагал на повредените во терористичкиот напад во театарот Батаклан во Париз. 

За среќа, во пожарот не се оштетени бакарните скулптури на дванаесетте ученици на Христос и четворицата евангелисти, бидејќи тие биле отстранети во процес на реставрација.

Коментирај