Филм & ТВ

Хи-Мен и дружината на Сивиот Череп се враќаат во анимирана серија на Netflix

19. август 2019 - 12:33 | Ф.З.

Masters of the Universe: Revelation ќе се обиде да стави крај на нерешените прашања од популарната серија од 80-тите и да ја заврши приказната со конечна битка на Хи-Мен и Скелетор.

„Во Revelation ќе продолжиме онаме каде што оригиналната серија застана, да раскажеме една епска битка помеѓу Хи-Мен и Скелетор, која веројатно ќе биде и финална“, вели Кевин Смит кој ќе работи на серијата.

„Masters of the Universe беше културолошки феномен за генерации, инспирирајќи ги фановите да ја откријат својата внатрешна моќ. Фановите одамна чекаат продолжение на овие епски ликови, а Кевин Смит како огромен фан на франшизата е перфектен човек за една динамична анимирана серија“, рече извршниот продуцент на Mattel TV, Роб Дејвид.

Оригиналната серија He-Man and the Masters of the Universe траеше две сезони со вкупно 65 епизоди, а на малите екрани се прикажуваше од 1983 до 1985 година.

Коментирај