Стил

Хидратантна маска од банана и мед - одлична за зимските денови

2. декември 2019 - 17:57 | М.С.

Иако можеби припаѓате на групата луѓе кои ја сакаат зимата, мора да бидете свесни дека таа може биде голем непријател за вашата кожа. Изложеноста на студениот воздух може да доведе до дехидрирање на кожата и иритирање на површинскиот слој.

Ви го препорачуваме овој рецепт за домашна маска која брзо и едноставно може да ја направите во вашиот дом. Маската е наменета за комбиниран тип на кожа.

Со оглед на тоа дека бананата содржи хидратантни агеси кои ја прават кожата еластична и мека, оваа маска е идеална за зимскиот период. Медот е одличен за кожата која е склона кон акни, а го намалува и црвенилото на кожата.

Потребни состојки:

2 банани

2 лажици мед

Лажица мелени бадеми

Начин на подготовка:

Изгмечете ги бананите, додајте две лажици мед и лажица мелени бадеми. Кога сето тоа ќе се соедини, нанесете ја маската на лицето. Држете ја 30 минути, па измијте.

Коментирај