Авто новости

Хиперавтомобил од 16 милиони евра

13. февруари 2019 - 11:25 | А.С.

Францускиот производител на автомобили Bugatti ќе изложи автомобил вреден 16 милиони евра на саемот на автомобили во Женева.

Уникатниот хиперавтомобил го има нарачано 81-годишниот Фердинанд Пиех, поранешниот директор на групацијата Volkswagen и внук на Фердинанд Порше.

Уникатниот модел ќе биде предводник на тимот на Bugatti во Женева во рамки на одбележувањето на 110-годишнината од постоењето на компанијата.

Автомобилот е базиран на моделот Chiron, а се одликува со уникатната каросерија слична на верзијата Divo што ја „напумпа“ вредноста до неверојатни 16 милиони евра.

Под хаубата се очекува модифициран 8,0-литарски квад-турбо W16 мотор што би требало да развива повеќе од 1.500 коњски сили и вртежен момент од 1.600 Nm.

Покрај овој автомобил, Bugatti во Женева ќе го престави и посебното роденденско издание Chiron Spot 110 Ans Editon.

Коментирај