Вести

Хјустон, имаме проблем: Жените во вселената немаат што да облечат

26. март 2019 - 10:58 | А.С.

Планираната прва вселенска прошетка на целосно женски тим астронаути е откажана поради проблем со скафандрите, соопшти НАСА.

Кристина Кох и Ен Меклејн требаше за три дена да вградат литиум-јонски батерии во Меѓународната вселенска станица.

НАСА соопшти дека во МВС има само еден скафандер со средна големина во горниот дел, но таа големина им е потребна за двете жени.

Одлучено е Кох да ја обави вселенската прошетка во петок, на 29 март, со нејзиниот олега Ник Хејг, соопшти американската вселенска агенција.

Меклејн дознала дека и нејзе ѝ е потребна средна големина на скафандер кога работела надвор од станицата на 22 март.

Скафандрите што се користат на орбиталната станица се составуваат од повеќе делови за да може најидеално индивидуално да се прилагодат на телата на астронаутите, вели Бренди Дин, портпаролка на Вселенскиот центар Џонсон во Хјустон.

Таа додава дека скафандрите за астронаутите се прават во средна, голема и екстра голема величина. Досега вселенските прошетки ги обавувале само машки и мешани машко-женски тимови.

Од НАСА не дадоа подетални објаснувања зошто МВС не е опремена со повеќе различни величини на скафандри, со оглед на бројот на жени астронаути во станицата.

Коментирај