Останати спортови
НХЛ 2019/20

Холтби израмни неславен рекорд: Од три шута прими три голови

17. октомври 2019 - 13:51 | Ф.З.

Само на 12 други хокеарски голмани им успеало да не одбранат ништо цел натпревар, а Брејден Холтби понеделникот влезе во ова неславно друштво.

Канаѓанецот важи за еден од најдобрите голмани во светот, но некогаш и тие можат да имаат лош ден. Неговиот Вашингтон Капиталс доживеа непријатен пораз дома од Колорадо Аваланш со 3:6, а уште по 8 минути игра резултатот гласеше 0:3. Толку голови прими Холтби по што веднаш беше повлечен од мразот и помеѓу стативите застана Русинот Илја Самсонов кој само минута подоцна прими нов гол.

Откако НХЛ почна да брои одбрани на голманите во 80-тите, Холтби е тринаесетти голман со ваков лош рекорд.

Листата на голмани со 0 одбранети удари во еден натпревар изгледа вака:
Дон Едвардс во 1985 (Торонто Мејпл Лифс - Питсбург Пенгвинс)
Ален Шеврие во 1986 (Њу Џерси Девилс - Вашингтон Капиталс)
Дон Бопр во 1989 (Вашингтон Капиталс - Питсбург Пенгвинс)
Кен Врегет во 1992 (Филаделфија Флаерс - Торонто Мејпл Лифс)
Питер Сидоркјевиц во 1993 (Отава Сенаторс - Хартфорд Вејлерс)
Крис Терери во 1994 (Њу Џерси Девилс - Лос Анџелес Кингс)
Рон Хекстал во 1995 (Филаделфија Флаерс - Њу Џерси Девилс)
Артурс Ирбе во 1999 (Каролина Хјурикејнс - Торонто Мејпл Лифс)
Томи Сало во 1999 (Едмонтон Ојлерс - Феникс Којотис)
Демиен Родс во 2001 (Атланта Трешерс - Филаделфија Флаерс)
Ден Елис во 2009 (Нешвил Предаторс - Далас Старс)
Анти Ниеми во 2017 (Далас Старс - Минесота Вајлд)

Сепак, убедливо прв на оваа неславна листа е Дон Бопр кој во 1989 за 13 минути прими 4 голови по што беше заменет.

Коментирај