Концепти

Honda подготвува возило кое ќе има емоциии

7. декември 2016 - 12:23 | Д.Л.

Возачите кои ги доживуваат своите автомобили како живи суштества, со лични карактеристики, конечно ќе си дојдат на своето.

Honda подготвува концептно возило наречено NeuV, за кое вели дека претставува автоматизирано електрично возило кое ќе има емоции. Во соработка со компанијата Cocoro SB, Honda го опремила возилото со нешто што го нарекува “emotion engine”, односно технологија која му овозможува на автомобилот да реагира на конверзации и емоции на својот сопственик и со тоа да создаде емотивна поврзаност.

За сега, Honda не објавува повеќе детали, но концептното возило ќе го претстави на CES 2017 саемот во Лас Вегас, по што ќе дознаеме како ќе функционира таа взаемна љубов помеѓу автомобилот и сопственикот, што е алка која недостасуваше во светот на автомобилизмот.

Коментирај